Асистент за набавки

Проектот „ Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во ЕУ“ финансиран од Европската Унија има за цел зајакнување на гласот на граѓанското општество за да стане силен партнер во реформите, за интеграција на Македонија во ЕУ, преку ефективен ангажман на руралните млади и нивните граѓански организации. Проектот го спроведуваат ЦНВП- Организација за поврзување на природни вредности и луѓе, Мрежата за рурален развој на РМ, Хрватската мрежа за рурален развој и Мрежата за рурален развој на Србија.

За успешно реализирање на проектот Мрежата ра рурален развој на РМ има потреба од  асистент за набавки, за која позиција  го објавува овој оглас, чиј опис на  работните задачи е во прилог.

Заинтересираните кандидати да ги достават или испратат своите биографии во печатена форма во канцеларијата на Мрежата за рурален развој на РМ на адреса: ул. „Коста Веселинов“ 3а, Скопје, најдоцна до 04.01.2018, до 16 часот.

ToR Procurement assistant

RDN is a member of

brdn
ELRAD
PREPARE

Partners

Hela Sverige SWG

MCMS
MZSV
FFRM
FAO
CNVP

Google Map

Contact


Office Address:

ul. “Kosta Veselinov” br.3a,
1000 Skopje R. Makedonija
Tel: +389 (2) 3075 506 Fax: +389 (2) 3075 503
info email: info@ruralnet.mk

YouTube Facebook