„Информирање за пристапот LEADER “ е проект кој се реализираше на национално ниво преку одржување на еднодневни форуми во 8-те плански региони на Република Македонија. Проектот се реализираше во соработка и со финансиска поддршка на Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка – МЦМС.

Проектот се имплементираше низ организација и реализација на еднодневни форуми – тематски насочени кон информирање, на заинтересираните страни – учесници, за LEADER принципите и методологијата, неговиот концепт – воспоставување на Локална Акциска Група – ЛАГ и нејзино раководење со активностите поврзани со руралниот развој. Обезбедената и презентирана информација во рамки на форумите имаше за цел да í обезбеди на јавноста конкретна можност за стекнување на информации и предзнаења за LEADER како основа и подобро вклучување на јавноста во подготовките за воведување на LEADER како ИПАРД мерка од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во 2012 година.

Проектот се реализираше во периодот октомври – декември 2011 година. Форумите се реализираа во осумте плански региони (Скопски, Вардарски, Североисточен, Источен, Југоисточен, Пелагониски, Југозападен и Полошки плански регион).

Целна група на проектот беа заинтересирани страни – претставници (правни и физички лица) од: деловниот, јавниот и граѓанскиот сектор.

MRR_na_RM-LEADER_forumi_oct-nov2011.pdf

Ministry_of_Agriculture_Forestry_and_Water_Economy.pdf

MCMS-LEADER_forumi_oct-nov2012.pdf

LEADER_pristap-Zvonko_Naumoski.pdf

(Галерија)