Врз основа на повеќегодишното стекнато знаење и практично искуство преку симулација на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во 16 општини во Македонија во рамките на МААСП проектот финанциран од СИДА и дополнителни 5 општини преку ЦИРа (CIVICA Mobilitas програмата финансирана од швајцарскиот донатор СДЦ) МРР како спин оф организација продолжи да ги промовира принципите на ЛЕАДЕР пристапот. Во согласност со овој потфат, МРР работеше на развивање на брошура за презентирање на суштината на ЛЕАДЕР принципите. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, признавајќи ја улогата на МРР  во унапредувањето на еден ваков механизам за рурален развој, даде целосна поддршка на активноста ставајќи го своето лого на документот. Оваа брошура ќе биде дистрибуирана до различни  засегнати страни во областа на руралниот развој како претставници на АПРЗ, локалната самоуправа и локалните канцеларии за економски развој во руралните општини, ЗЕЛС (Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија), центрите за регионален развој, невладиниот сектор, ФФРМ, земјоделски асоцијации итн. и ќе служи како референтен документ за правилно воведување на ЛЕАДЕР принципите. Овој водич се очекува да придонесе во градење на капацитетите на релевантните засегнати страни (претежно невладиниот сектор) во однос на темата.

Водич за ЛЕАДЕР пристап