ЗЗУЖС ЕКО ЛОГИК -Скопје

Назив на организацијата ЗЗУЖС  ЕКО ЛОГИК  –   Скопје
Адреса Бул. Митрополит Т. Гологанов  72/1/2, Скопје
Одговорно лице иточен назив на функција Никола Нешкоски, инж. Жив. Средина / еко менаџерПретседател / Лице за застапување
Телефон (Поради менување на локацијата телефонски број ќе ви биде доставен дополнително, на почеток на Јануари 2014 година)
Мобилен телефон 078 365 902 / 078 538 290
e-mail на организацијата ecologic.mk@gmail.com
Web страна на организацијата www.ecologic.mk
Број на лица кои активно работат во/за организацијата 5
Кратко резиме на организацијата (визија, мисија, цели и активности) Визија на здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко – Логик:- Заштита и унапредување на животната средина- Подигнување на еколошката свест, и екологијата како наука

– Придржување кон концептот на одржлив развој

– Јакнење на функционално општество

– Интерактивно општество

Мисија на здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко – Логик:

–          невладина, непрофитна и непартиска организација посветена на заштитата и унапредувањето на животната средина, промовирање на современи еколошки практики, како и следење и промовирање на принципот на одржливост во урбани и рурални средини. Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко – Логик поттикнува и поддржува позитивни промени врз животната средина, како и секаков вид на нејзино унапредување и заштита.

            Основни цели и задачи на здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко – Логик се:

–          Промовирање на екологијата како наука;

–          Промовирање на концептот за почисто производство;

–          Заштита и унапредување на животната средина и природата;

–          Ширење на еколошките знаења и унапредување на еколошкото образование;

–          Промовирање на принципот за одржлив развој во урбани и рурални средини;

–          Отворање на нови “зелени” работни места;

–          Можност за обука на сите заинтересирани граѓани проекти од областа на екологијата и заштитата на животната средина;

Целите и задачите на здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко – Логик се остваруваат преку реализирање на следните активности:

–          Промовирање и водење на научни или апликативни проекти од областа на екологијата и заштитата на животната средина;

–          Изготвување на стручни и научни студии за оценка на природните вредности и оценка на влијанието врз животната средина од реализација на определени проекти како и оценка на влијанието на определени стратегии, планови и програми;

–          Давање стручна помош на владините органи и јавните установи за различни проблеми што произлегуваат од начинот на користењето на ресурсите на животната средина и социо-економскиот развој;

–          Покренување активности за решавање на актуелни еколошки проблеми;

–          Изготвување или учество во изготвување на стратегии за одржливо користење на природните ресурси;

–          Помагање во унапредување на настава од разни еколошки дисциплини во сите степени на образование;

–          Едукација на населението за дејство на загадувачи и степенот на ризик од присуството на истите во животната средина;

–          Издавање на научни, стручни и популарни изданија;

–          Организирање на научни и стручни собири, дебати, конференции и конгреси;

–          Одржување и спроведување на обуки од областа на екологијата и заштитата на животната средина;

–          Развивање и одржување на врски со сродни друштва и сојузи во земјата и странство, како и членување во меѓународни сојузи, во согласност со позитивните закони и прописи во земјата;

Официјално лого на организацијата  

RDN is a member of

brdn
ELRAD
PREPARE

Partners

Hela Sverige SWG

MCMS
MZSV
FFRM
FAO

Google Map

Contact


Office Address:

ul. “Kosta Veselinov” br.3a,
1000 Skopje R. Makedonija
Tel: +389 (2) 3075 506 Fax: +389 (2) 3075 503
info email: info@ruralnet.mk

YouTube Facebook