Регионален центар за застапување – Делчево

http://www.rczdelcevo.org.mk/

Назив на организацијата Регионален центар за застапување
Адреса Маршал Тито бб
Одговорно лице Тони Стоименовски
Тел. 078306655
Мобилен тел. 078306655
e-mail на организацијата rczdelcevo@gmail.com
Web страна на организацијата www.rczdelcevo.org.mk
Број на членови на организацијата 37
Кратко резиме на организацијата(визија, мисија, цели и активности)
  • Здружение на граѓани Регионален Центар за застапување-Делчево

Здружението на граѓани Регионален Центар за застапување (РЦЗ) е формирано како резултат на трансформација на Центарот за поддршка на невладини организации-Делчево. Основано во октомври 2006, со седиште во Делчево. РЦЗ-Делчево е непрофитна, невладина и непартиска организација основана со слободно здружување на граѓаните претставници на НВО, претставници ан бизнис секторот и претставници на локалната власт, со цел да се продолжи со основната функција која ја имаше ЦП НВО-Делчево, зајакнување на граѓанското општество.

  • Мисија

Застапување и поддршка на НВО секторот за партиципирање во процесот на креирање на политики за ефективен развој на регионот што ги опфаќа општините Делчево, Пехчево, Берово, Македонска Каменица, Виница и Кочани. Мисијата на РЦЗ произлегува од потребата на организација во регионот која ќе дава поддршка за соработка и вмрежување на трите сектори во регионот за идеи и проекти, ќе ги застапува политиките и интересите на субјектите од регионот пред донатори и институции, ќе координира и информира за меѓугранична соработка, ќе едуцира и информира за Европската унија.

  • Целни групи

НВО од регионот, Единиците на локална самоуправа од регионот, граѓаните од регионот и од Република Македонија, НВО, локални влади и институции од Република Бугарија.

  • Стратешки цели

1. Континуирана поддршка на НВО од регионот 2. Унапредување на меѓугранична соработка руралниот развој 3. Едукација и информирање, овозможување на јавноста од регионот на едно место да најдат добро организирани извори на информации за Европската унија, нејзините институции, активности и политики, законски рамки, документи и публикации, програми и процес на донесување на одлуки.

  • Програми на делување

1. Граѓанско општество Делувањето на полето на граѓанско општество е продолжена мисија на ЦП НВО Делчево за зајакнење на капацитетите на НВО од регионот. 2. Меѓугранична соработка и рурален развој Програмата е резултат на големиот интерес за ЕУ фондовите и како добра можност за соработка со други држави, посебно со Република Бугарија. 3. Европска унија, наша иднина Програмата ќе ја задоволи потребата за информирање на популацијата од регионот за ЕУ и процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.

  • Клучни активности

Пружање на НВО лепеза од услуги како: организирање обуки и тркалезни маси, информирање за конкурси, фотокопирање, скенирање, интернет, библиотека и дневен печат, телефон и факс, сала за состаноци, опрема за презентација, превод, консултации и помош за изработка на проекти, активности за промоции на ЕУ фондови, организирање на прослава на 9 мај-Денот на ЕУ. Како ЕУ инфо точка информирање на јавноста итн.

  • Организациона структура

Собранието на РЦЗ Управен одбор Надзорен одбор Оперативен тим

RDN is a member of

brdn
ELRAD
PREPARE

Partners

Hela Sverige SWG

MCMS
MZSV
FFRM
FAO

Google Map

Contact


Office Address:

ul. “Kosta Veselinov” br.3a,
1000 Skopje R. Makedonija
Tel: +389 (2) 3075 506 Fax: +389 (2) 3075 503
info email: info@ruralnet.mk

YouTube Facebook