Фондација за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија

Назив на организацијата Фондација за локален развој и развој на информатичка технологија – Гевгелија
Адреса „Маршал Тито“ 60 1480, Гевгелија
Одговорно лице Ристо Атанасовски
Тел. 034 215 941
Мобилен тел. 078/ 327 091
e-mail на организацијата risto.atanasovski@gmail.com
Број на членови на организацијата Фондацијата има четири основачи, но нема посебна листа на членови со оглед на тематиката која ја опфаќа, која е во функција на локалниот развој.
Кратко резиме на организацијата(визија, мисија, цели и активности) Фондацијата за локален развој е основана во 2001 година, како иницијатива на локалната самоуправа, бизнис секторот и невладиниот сектор од општина Гевгелија. Во изминатите 10 години од нејзиното постоење етаблирана е не само во општината, туку и во југоисточниот плански регион, каде што воглавно ги реализира своите активности.

Според член 2 од Статутот на Фондацијата за локален развој и развој на информатичка технологија, Фондацијата е основана како непрофитна и невладина организација, во која е забрането дејствување од политички, верски и или други позиции со кои се нарушуваат човековите права, или се загрозуваат интересите на општината и државата.

Основна цел на фондацијата е да учествува и да го помага локалниот развој и зацврстувањето на демократијата преку:

  • Обезбедување на “know-how” и примена на иницијативите во инфраструктурните сектори кои обезбедуваат одржлив развој;
  • Формирање на прекугранични мрежи за поврзување со слични или исти организации во регионот и државата;
  • Изработка, развој и спроведување на прекугранични развојни проекти;
  • Создавање можности за користење на погодностите што произлегуваат од прекуграничната соработка;
  • Изработка на стратегиски документи од локален и регионален според пристапот “bottom up”
  • Изработка на развојни проекти врз аналитички основи кои обезбедуваат објективност и усогласување на податоците според светски норми и стандарди (со посебен осврт на локалните економски параметри, моменталната состојба на пазарот, перспективите на развојот, согледувањето на ризиците и менаџерските способности и искуства)
  • Поддршка на развојот на туризмот преку имплементација на проекти произлезени од стратешките документи;
  • Поддршка на руралниот развој во општина Гевгелија, Југоисточниот плански регион и на територијата на Република Македонија;
  • Поддршка на културните активности во општина Гевгелија, Југоисточниот плански регион и Република Македонија

Како посебен дел од Фондацијата за локален развој е и Туристичко информативниот центар на општина Гевгелија за чие што функционирање е одговорна фондацијата по претходно постигнат договор со општина Гевгелија.

Во моментот во фондацијата има постојано вработено 6 лица, сите со високо образование и профил на кадар кои се потребни за остварување на целите на фондацијата.

RDN is a member of

brdn
ELRAD
PREPARE

Partners

Hela Sverige SWG

MCMS
MZSV
FFRM
FAO

Google Map

Contact


Office Address:

ul. “Kosta Veselinov” br.3a,
1000 Skopje R. Makedonija
Tel: +389 (2) 3075 506 Fax: +389 (2) 3075 503
info email: info@ruralnet.mk

YouTube Facebook