На 06. Март 2019 во Струмица се одржа акцијата „Со младинска зелена акција до поздрава животна средина“ како дел од проектот „Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во ЕУ“. Активноста ја спроведе здружението Хорти Еко од Струмица во соработка со  средношколците од училиштето „Димитар Влахов“. Зелената акција се состоеше во садење  зимзелени и листопадни дрвца во училишниот двор и ученичкиот дом. Целтa на акцијата беше озеленување и оплеменување на јавните површини но и испраќање порака до своите соучениците и млади  за унапредување на животната средина.“Ваквото, наменско и планирано засадување на дрвца има повеќекратни ефекти и далекусежни благодети, не само за озеленување на дворовите на училиштето и ученичкиот дом, туку и за едукација и поттикнување на еко-свеста кај младите“ истакна професорот Томе Тимов. Идејата е учениците сами да се грижат за дрвцата кои ќе ги засадат и со тоа да да стекнуваат навики за зачувување на средината во која што тие живеат и делуваат преку реплицирање на слични идеи и еко практики. Беа засадени вкупно 36 дрвца. Со оваа акција младите ги потикнаа сите чинители во општината па и граѓаните за реплицирање и имплементирање на идејата со цел воспоставување оддржливост.