На 16. Март 2019 невладината организавија „Меџик & Лоџик Маркетинг“ и учениците од земјоделската струка  при средното училиште  ,,Димитар Влахов’’ од Струмица со помош на проектот „Младите од руралните средини за интеграција на Макледонија во ЕУ“ подигнаа пластеници на училишната економија на овој  центар како дел од акцијата „Преку практични вештини  до кадри со висок квалитет!“. На овој начин учениците се запознаа со практични вештини и нови технолошки алатки кај растителното производство. Преку практичната настава младите можат да бидат подобро подготвени за развој на сопствен бизнис по школувањето. Професорите од училиштето веруваат дека младите во земјава имаат теоретски знаења но низ образовниот процес недостасуваат практични вештини. Вакви активности придонесуваат до засилена соработка на младите со бизнис-секторот во Струмичкиот регион во областа на земјоделството и руралната економија со што тие ќе бидат по конкурентни на пазарот на трудот. Вештините кои ќе ги акумулираат со праксата, ќе ги направат учениците на СОУУД ,,Димитар Влахов,, од Струмица поприлагодливи и подготвени за пазарот на трудот.