По потпишувањето на договорот IPA / 2018 / 395-379 на 10.04.2018 година, за проектот финансиран од ЕУ “Вмрежување и застапување за зелена економија”, Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР на РМ), како координатор на проектот, во соработка со мрежите за рурален развој на Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово, како членови на Балканската мрежа за рурален развој започнаа со процесот на имплементација на проектните активности.
Главната цел на проектот е да обезбеди поддршка за подобрување на влијанието на Балканската мрежа за рурален развој и нејзините основачи врз политиките и процесите на одлучување преку вклучување во земјоделските и руралните програми и реформските процеси на политиките за воведување на концептот на зелена економија.

Проектните активности ќе се спроведуваат во период од 36 месеци на територијата на 7 земји од Западен Балкан.Во согласност со проектниот работен план, се предвидуваат три обуки за обучувачи (ТОТ) за генерално управување со граѓанските организации кои ги опфаќаат следните теми:- Обука 1: ” Застапување, лобирање, вмрежување и зајакнување на основачите на ГО “- Обука 2: “Зелена економија и претприемништво”Предвидениот период за спроведување на обуките е средината на февруари (12-15 февруари, 2019) и средината на март (12-15 мерт, 2019). Обуките ќе се одржат во Скопје и ќе се изведуваат на англиски јазик. Сите трошоци поврзани со обуките ќе бидат покриени од проектот.
Мрежата за рурален развој на Република Македонија поканува потенцијални кандидати да изразат интерес за учесници во обуките. Предвиденo е учество на  максималнo 2 учесници по обука. На кандидатите им е дозволено да ја испратат својата кандидатура за учество на двете обуки или само за една обука. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Кандидатот мора да доаѓа од граѓанска организација, која е членка на Мрежата за рурален развој на РМ, бидејќи активноста е наменета за градење на капацитетите на граѓанските организации кои се членови на МРР на РМ
  • соодветно формално или неформално образование и / или искуство на темата на обуката за која испраќа кандидатура;
  • претходно искуство во спроведување на обуки (незадолжително)
  • солидно познавање на пишан и говорен англиски јазик

Заинтересираните кандидати треба да испратат писмо за искажување на интерес заедно со нивното CV на info@ruralnet.mk до 7 февруари, 2019 година.МРР на РМ ќе спроведе евалуација на пријавените кандидатите во однос на наведените критериуми и ќе ги одбере најсоодветните кандидати. По завршувањето на обуките за обучувачи, обучувачите ќе бидат ангажирани да спроведуваат обуки на истите теми и да ги пренесат стекнатите знаења на руралните граѓански организации во Република Македонија.