Мрежата за рурален развој на РМ спроведува проект ,,Градење на капацитетите на МРР и нејзините членки’’ финансиран од We Effect. Во рамките на проектот, Мрежата за рурален развој објави повик за поддршка на проектни иницијативи на своите организации – членки.

Мрежата објавува оглас за консултант кој ќе изврши мониторинг на прогресот на имплементацијата на одобрените проекти, како и нивна евалуација после нивното комплетирање.

Детален опис на работните задачи може да најдете во ToR-от кој може да го најдете во прилог на огласот.

Заинтересираните кандидати да ги достават или испратат своите биографии, финансиска понуда како и декларација за поврзаност со нашата организација во печатена форма во канцеларијата на Мрежата за рурален развој на РМ на адреса: ул. Коста Веселинов 3а, Скопје, или во електронска форма на e-mail адресата info@ruralnet.mk

Крајниот рок за аплицирање е 30.07.2019 најдоцна до 16:00 часот.

ToR M&E consultant.pdf