Мрежата за рурален развој на Република Македонија учествуваше на седмата собраниска сесија на Балканската мрежа за рурален развој (БМРР) којашто се одржа на 27 април 2015 год. во Брисел. На состанокот присуствуваа претставници на ПРЕПАРЕ – Партнерството за рурална Европа, Генералниот директорат за земјоделство, Европската мрежа за рурален развој и Европската комисија. Собранието беше поддржано од страна на Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG).

(Галерија)