На 11 јуни, во Брисел, ПРЕПАРЕ Партнерството за рурална Европа го одржа својот редовен состанок, а воедно и првото Генерално собрание на ПРЕПАРЕ како правно регистрирана меѓународна непрофитна асоцијација. Мрежата за рурален развој на Република Македонија – МРР на РМ, како партнер на ПРЕПАРЕ, беше вклучена како една од 14-те организации кои во моментот имаат полноправно членство во ПРЕПАРЕ АИСБЛ. По известувањето за активностите реализирани во текот на 2015, беа договорени натамошни акции поврзани со претстојниот Собир на ПРЕПАРЕ во 2016/ Мулти-националниот тематски состанок на проектот АЛТЕР во септември 2016 и Патувачката работилница низ земјите околу Црно море предвидена за октомври 2016. Претставниците на организациите од Албанија и Финска ги поканија останатите партнери на ПРЕПАРЕ на првите национални рурални парламенти коишто е планирано да се организираат во нивните земји во текот на следната година. Исто така, на состанокот беа дискутирани идните активности  во врска со Европскиот рурален парламент 2017.