Македонските земјоделци  кои се заинтересирани да аплицираат за ИПАРД средствата, полесно ќе можат да дојдат до кредити од комерцијалните банки со обезбедување на значително помали  банкарски гаранции. Тоа им го овозможи потпишаниот Договор за соработка меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и УСАИД со кој се воспоставува Гарантен фонд за земјоделство и рурален развој што ќе обезбедува до 50 отсто од потребните банкарски гаранции. Доколку сакате да добиете подетални информации може да учествувате на некој од инфо настаните што ќе бидат организирани во текот на месец декември, низ повеќе градови во Македонија.