Со цел подобрување на координацијата и проширување на своите активности на локално ниво, Мрежата за рурален развој на Република Македонија  регистрираше регионална канцеларија во Гостивар.

Покрај централната канцеларија во Скопје, МРР на РМ досега имаше уште две регионални канцеларии во  Битола и во Пехчево.

На ваков начин Мрежата се стреми да ги анимира чинителите на руралниот развој во сите региони на земјава и да ја подобри  меѓусебната комуникација на локално ниво.