Мрежата за рурален развој на Република Македонија објавува трет повик за поддршка на проектни иницијативи на своите организации – членки.

Поддршката за овој повик е обезбедена од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, во рамки на компонентата за јакнење на капацитетите.

Секој предлог-проект треба да биде поднесен на Образец А – Образец за предлог проект, вклучувајќи го Образец Б – Буџет и Образец В – Изјава за партнерство, и сите потребни прилози. Бараните формулари се дадени во прилог.

Краен рок за поднесување на апликацијата е 16 март 2016 година, до 16:00 часот.

1. Повик за поддршка на проектни иницијативи
2. Образец А- Пријава за проект
3. Образец Б – Буџет
4. Образец В – Изјава за партнерство
Прашања и одговори
Одобрени проектни иницијативи од овој повик