На 22 август, на Плоштадот на револуцијата во Струга, здружението на пчелари „Матица“ со поддршка на Мрежата за рурален развој на Република Македонија и општина Струга го организираше првиот Саем на мед. Главната цел на организаторите беше да ги промовираат пчеларските производи и да придонесат во развојот на оваа стопанска гранка во регионот. На саемот, свои производи изложија повеќе пчелари од Скопје, Штип, Радовиш, Кочани, Битола, Прилеп, Охрид, Дебар и Струга.

На посетителите на настанот се обратија претставник на општината Струга, претседателот на здружението на пчелари „Матица“, Шефит Шемшедини и претседателот на Мрежата за рурален развој на Република Македонија, Петар Ѓоргиевски.

– Медопроизводството е една многу значајна гранка во општото земјоделско производство бидејќи нуди една голема и широка палета на производи. Покрај медот значајни се и восокот, поленот, млечот… Нивното мешање со медот дава производи кои може да придонесат за целокупниот приход на пчеларите. Медот има големо значаење во исхраната, но и во фарматологијата и во козметичката индустрија, истакна Петар Ѓоргиевски

Организаторите имаат тенденција ваквата манифесатција да стане традиционална.

(Галерија)