Во периодот од 27-ми до 29-ти септември, општина Ресен по 13-ти пат ја организираше манифестацијата „Преспански јаболкобер“ која традиционално се одржува во чест на Јаболкото и отпочнување на бербата на јаболка. Манифестацијата опфати бројни активности од областа на земјоделството, културата, туризмот, уметноста и спортот. Оваа голема стопанско-културна манифестација е поврзана со празнувањето на Православниот христијански празник Крстовден и воедно претставува традиционален почеток на бербата на јаболката во Преспа.

Мрежата за рурален развој на Република Македонија зема учество на годинешниот настан „Преспански Јаболкобер 2013“  изложувајќи свои промотивни материјали на 28-ми септември, денот којшто беше посветен на туризмот. На штандот на  Мрежата беа поканети  активните членки од овој регион, кои сакаа да ги презентираат активностите што ги спроведуваат во рамки на своите организации