Александра Тодоровска, како претставник на Мрежата за рурален развој на Република Македонија присуствуваше на 28-от собир на Собранието на Постојаната работна група за рурален развој на Југоисточна Европа, кој се одржа  во Гмунден, Австрија, во периодот од 4 декември до 8 декември.

Во рамки на програмата беа организирани теренски патувања, каде посетителите имаа можност да соберат искуства од добрите практики реализирани во околината на Гмунден. На собирот беа презентирани заклучоците од седмиот годишен работен состанок на Министерствата за земјоделство од Југоисточна Европа, акциониот план на Балканската мрежа за рурален развој, програмите за рурален развој на Австрија и беа отворени дискусии за соработката на Постојаната работна група со повеќе меѓународни организации.

Членовите на Балканската мрежа за рурален развој, меѓу кои беа претставниците на мрежите за рурален развој од  Р. Македонија, Србија, Црна Гора и Косово, ја искористија ваквата можност, за да остварат средба, каде разговараа за идните активности на Мрежата.