Мрежата за рурален развој на Северна Македонија (МРР на СМ) има потреба од Координатор на работилница за производство на храна (Food Hub)

Мрежата за рурален развој на Северна Македонија (МРР на СМ) има потреба од Координатор на работилница за производство на храна (Food Hub). Описот на работните задачи и потребни квалификации за горенаведената позиција може да ги најдете во прилог на огласот.

Заинтересираните кандидати треба да го испратат своето CV на  aleksandar.p@ruralnet.mk и на vesela.ld@ruralnet.mk (задолжително на двете е-mail адреси), или во печатена верзија на ул Коста Веселинов, 3А најдоцна до 13.10.2020 година.

Координатор на работилница за производство на храна (Food hub)

Опис на работни задачи:

  • Да го координира формирањето на работлницата за производство на храна (Food hub), преземајќи ги сите активности поврзани неа;
  • Координирање на работата на работилницата за производство на храна (Food hub);
  • Врши теренска координација при формирањето на работилницата за производство на храна (Food Hub)
  • Одржува ефективни комуникациски односи со заинтересираните страни за формирање на работилницата за производство на храна (Food Hub), целните групи и партнери;
  • Изработува обрасци и документи релевантни за имплементација на активноста;
  • Подготвува извештаи за реализираните активности.

 Потребни квалификации:

  • Високо образование;
  • Познавање на работата во невладиниот сектор;
  • Искуство во менаџирање, координирање и имплементација на проекти;
  • Искуство во користење на бази на податоци, Интернет и компјутери;
  • Одлично познавање на Англиски јазик (говорен и пишан);
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за спроведување повеќе задачи истовремено;
  • Силни интерперсонални вештини и подготвеност за преземање на повеќе рутински задачи.
#TAGS

Активности и Иницијативи