Во рамки на проектот Академија Од фарма до Вилушка за Зелен Западен Балкан – Нашата заедничка европска иднина (Farm to Fork Academy) беше организирана национална обука за одржливо земјоделство и рурален развој.
Дводневната обука се одржа во Дојран и имаше за цел споделување на знаењата стекнати на првата обука за обучувачи поврзани со агроекологијата, одржливото земјоделство, одржливото хортикултурно производство, прифаќањето на органското земјоделство за одржливи системи за храна и примената на циркуларна економија во земјоделството.
Овие настани за градење на капацитетите и унапрдување на вештините и знаењата на национално и локално ниво ќе продолжат и во иднина со цел трансформација на земјоделството со фокус на одржливи практики во спој со одржлив рурален развој на заедниците.
Настанот е дел регионалниот проект „Академија од фарма до вилушка за зелен Западен Балкан – Нашата заедничка европска иднина“ финансиран од Европската Унија и заеднички имплементиран од националните мрежи за рурален развој на шесте земји од Западен Балкан и Хрватска како и Балканската мрежа за рурален развој.
#FarmToForkWB | #SustainableAgriculture | #GreenInnovation | #Farming4Sustainability | EU TACSO |


