Финансиран од: Агенција на САД за меѓународен развој – USAID
Улога: Спроведувач на проектот
Период на спроведување: 08.03.2012 – 31.12.2016
Буџет на акцијата: 2.122.716,00 USD
Износ обезбеден од донаторот: 1.674.809,00 USD
Цел на проектот:
Да се развијат и промовираат достапни технологии и практики за адаптација кон климатските промени во земјоделството, преку спроведување сеопфатни кампањи за подигнување на јавната свест и програми за градење капацитети согласно потребите на земјоделските стопанства.
Проектот беше фокусиран врз имплементација на мерки во медитеранската зона, вклучувајќи ги регионот Вардар и делови од Струмица и Свети Николе.
Резултати:
- Тестирани се адаптивни мерки на 28 демонстрациски парцели и фарми, во овоштарство, лозарство, зеленчук, заштита на почва, заштеда на вода и сточарство.
- Нема штети од град во производството на отворено поле кај зеленчук и трпезно грозје, ниту оштетувања од сончев жар кај насади покриени со UV мрежи.
- 55% повисок принос кај насади со круши под UV мрежи во споредба со необезбедени насади и подобрена квалитетност на праски благодарение на нови техники за кастрење и прореедување.
- 24% помало опаѓање на приносот на млеко на млечни фарми со инсталирани системи за вентилација и магла, и 12% помало опаѓање во фарми со нови режими на исхрана адаптирани кон климатските промени.
- 92% намалување на загуба на седименти со примена на контурно обработување на почвата во споредба со традиционално обработување во падина.
- 89% намалување на загуба на почва на падински терени со покривни култури во споредба со парцели без покривни култури.
- 50% заштеда на вода со употреба на ултра-нисковолуменско капково наводнување при замена на класичното капково, без значителна разлика во приносот.
Резултатите беа сумирани во брошури, студии и видеа, кои беа дистрибуирани до повеќе од 1400 земјоделци, советници во земјоделството, Министерството за земјоделство, локални самоуправи, граѓански организации, медиуми и студенти.


