АЛТЕР- Активни локални територии за економски развој на руралните подрачја

Проектот ги опфаќа земјите од Балканот преку активна соработка на националните мрежи за рурален развој и Балканската мрежа за рурален развој (БМРР). Неговата цел е да создаде поволна средина за граѓанското општество и да го поттикне одржливиот развој на руралните заедници.

  1. Финансиран од: Европска Унија

Буџетска линија: BGUE-B2015-22.020401

Период на спроведување: 19.12.2015 – 30.09.2019

Вкупен буџет на акцијата: 1.168.634,00 ЕУР

Износ обезбеден од донаторот: 1.051.674,00 ЕУР

Главна цел:

Да се стимулира поволна правна и финансиска средина за граѓанското општество, да се зајакнат организациите на граѓанското општество (ОГО) како ефективни и одговорни актери, како и да се подобри нивната способност за дијалог со владините институции со цел влијание врз креирањето политики за одржлив развој на руралните заедници.

Очекувани резултати:

  • Промоција на концептите за одржлив социо-економски рурален развој, социјална инклузија и активно учество на ОГО во креирањето и спроведувањето политики.
  • Подобрени капацитети на ОГО за застапување, вмрежување и соработка со јавните институции со цел зголемување на нивното учество во процесите на донесување одлуки.
  • Зајакнати менаџерски и организациски капацитети на ОГО и нивните мрежи, вклучително и развој на долгорочни стратешки планови.
  • Подобрено вклучување на ОГО и граѓаните во локалното управување и промоција на партнерства меѓу различни сектори во руралните подрачја.
  • Развој на Балканската мрежа за рурален развој како функционална регионална платформа за соработка.
  • Проширено вмрежување, транснационална соработка, размена на знаење и добри практики помеѓу ОГО и нивните мрежи во седумте партнерски земји и со земјите од Европската Унија.
#TAGS

Активности и Иницијативи