Национален рурален парламент како глас на руралното население

  1. Проектот има за цел да ја зајакне улогата и видливоста на руралните граѓански организации, како и нивното влијание во креирањето на јавни политики и процеси на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Сектор: 15150 – Зајакнување на граѓанското општество

Финансиран од: Европска Унија

Период на спроведување: 01.03.2017 – 31.08.2019

Износ придонесен од донаторот: 263,622.27 EUR

Општа цел:

Да се придонесе кон специфичната цел на повикот преку зголемување на влијанието и учеството на руралните граѓански организации (ГО) во развојот на јавните политики и процесите на донесување одлуки.

Ова ќе се постигне преку развивање на капацитетите на руралните ГО во застапување, лобирање, вмрежување и познавање на релевантните политики и процеси поврзани со нивната работа.

Специфична цел:

Да се зајакнат капацитетите на руралните ГО за вмрежување и застапување со цел да влијаат врз процесите на донесување одлуки на локално ниво.

Очекувани резултати:

  • Подобрен трансфер на знаење помеѓу руралните ГО во врска со руралните предизвици и процесите на донесување одлуки.
  • Изградени менаџерски капацитети на руралните ГО за водење процеси за рурален развој.
  • Развиени истражувачки и аналитички способности на руралните ГО.
  • Олеснет и унапреден дијалог помеѓу руралните ГО и локалните/националните власти.

Главни активности:

A.1. Идентификација и вмрежување на руралните граѓански организации

A.2. Градење капацитети на руралните ГО за политики за рурален развој

A.3. Истражувачки и застапувачки капацитети на руралните ГО A.4. Одржлив дијалог помеѓу руралните ГО и локалните/националните власти за рурален развој

#TAGS

Активности и Иницијативи