Градење капацитети за одговор на климатските промени во земјоделскиот сектор

Локација: Северна Македонија

Донатор: ФАО – Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO)

Износ на донацијата: 63.400 USD

Дати на спроведување: 31/01/2017 – 30/09/2017

Општа цел на проектот

Зголемување на капацитетите на субјектите во Република Северна Македонија за пренос на релевантни знаења поврзани со климатските промени, со крајна цел да се овозможи адаптирана и отпорна земјоделска продукција.

Специфична цел

Градење на капацитетите на земјоделците, земјоделските организации и службениците на Националната агенција за експанзија (NEA) за справување со прашањата поврзани со климатските промени.

Резултати и активности

  • Развој на едукативни материјали и наставни планови за средните земјоделски училишта
  • Организирање на обуки за наставници и персонал на експанзивните служби
  • Зголемена подготвеност на земјоделците и организациите за примена на адаптирани и отпорни производни системи
  • Пренесување на знаење за климатските промени на локално ниво

#TAGS

Активности и Иницијативи