Институционална поддршка на Мрежата за рурален развој на Република Македонија и нејзините членки

Локација: Северна Македонија

Донатор: We Effect

Износ на донацијата: 380.000,00 EUR

Дати на спроведување: 01/09/2018 – 30/04/2021

Општа цел на проектот

Овозможување на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија (МРР) и нејзините рурални членки, жени и мажи, да бидат значајни учесници во демократските процеси, учеството во одлучување ориентирано кон граѓанска вклученост и приспособување на предизвиците за интеграција во ЕУ.

Специфична цел

Зајакнување на организациските и менаџерските капацитети на МРР и нејзините членки.

Резултати

  • Зголемени институционални и организациски капацитети на МРР и нејзините членки.
  • Зајакната институционална соработка помеѓу членките на МРР и останатите засегнати страни во заедницата.
  • Подобрени перформанси на членките на МРР во подготовка и имплементација на проекти.
  • Зајакнати капацитети на МРР и нејзините членки за родова интеграција и промоција на правата на руралните жени на национално и локално ниво.
#TAGS

Активности и Иницијативи