Проектот е насочен кон зајакнување на институционалните капацитети на Балканската Мрежа за Рурален Развој (БМРР) со цел таа активно да придонесува во процесите на креирање политики и да стане одговорен актер за инклузивен и одржлив социо-економски развој на руралните средини во регионот на Западен Балкан.
Локација: Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово
Финансиран од: We Effect
Период на спроведување: 01.01.2021 – 31.12.2022
Буџет на акцијата: 160,000.00 EUR (целосно финансирано од We Effect)
Општа цел на проектот
БМРР да стане активен придонесувач во процесите на донесување одлуки за рурален развој, како и одговорен и отчетен актер за инклузивен и одржлив социо-економски развој на руралните подрачја на Западен Балкан.
Специфична цел
Зајакнување на институционалните капацитети на БМРР со цел соодветно да одговори на потребите на руралните заедници во регионот и да го претставува нивниот глас на регионално и европско ниво.
Резултати и компоненти на проектот
Компонента 1: Организациски развој на БМРР
- Зајакнати структури за имплементација на оперативните активности на БМРР
- Подобрени организациски капацитети на националните мрежи – членки на БМРР
Компонента 2: Застапување и лобирање
- Зајакнати капацитети на БМРР во застапување и лобирање
- Организирани заеднички регионални настани за застапување и лобирање
Компонента 3: Родова еднаквост
- Развиени вештини за родово вклучување, застапување и лобирање за родова еднаквост
Компонента 4: Размена на искуства и добри практики
- Подобрена внатрешна и надворешна комуникација на БМРР
- Засилена промоција на БМРР на меѓународно ниво


