Преспа ЛЕТ – Локален Еко Туризам во Подем

Апликант: ЗРР ЛАГ Преспа – Ресен

Партнер: Мрежа за рурален развој на Северна Македонија

Целна група: Домашни и странски туристи, љубители на адреналински и еко-туризам

Локација: Преспа (НП Пелистер и НП Галичица)

Вкупен буџет: 2,304,500 МКД

Опис на проектот

Преспанскиот регион е познат по својата уникатна природа, биодиверзитет и културно наследство, но потенцијалот за развој на еко-туризам и авантуристички активности останува недоволно искористен. Иако климатските и топографските услови на Преспа се идеални за параглајдеризам, активноста речиси и да не е развиена, а постојните полетувалишта Томорус (Галичица) и Мала Чука (Пелистер) се запуштени и тешко достапни.

Проектот „Преспа ЛЕТ“ има за цел да ја подобри инфраструктурата, да ги уреди и официјализира двете полетувалишта и да воспостави нова туристичка понуда – тандем летање со параглајдер. Ова ќе овозможи позиционирање на Преспа како атрактивна дестинација за активен туризам, компатибилна со принципите на еко-туризмот.

Уредувањето на полетувалиштата и поставувањето метео-станици ќе ја зголемат безбедноста и ќе овозможат реални податоци за временските услови, корисни за параглајдеристи, но и за земјоделци и љубители на кајт-сурфинг, кој станува популарен спорт во регионот. Овие интервенции ќе стимулираат нови економски активности, ќе ја продолжат туристичката сезона и ќе ја зголемат локалната заработувачка.

Главна цел

Воведување нова понуда за активен туризам во Преспа преку унапредување на инфраструктурата за параглајдеризам и интегрирање на оваа активност во еко-туристичката понуда на регионот.

Клучни активности

  1. Инфраструктурно уредување на полетувалиштата:
  2. Чистење и санација на пристапниот пат до Томорус.
  3. Чистење и уредување на стартната позиција Мала Чука.
  4. Подобрување на условите за летање:
  5. Поставување клупи и маси на видиковците.
  6. Поставување две метео-станици со јавен пристап до податоци.
  7. Развој и промоција на нова туристичка понуда:
  8. Креирање понуда за тандем летање со параглајдер.
  9. Дистрибуција до туристички оператори и промоција преку релевантни канали.
  10. Организација на промотивен настан:
  11. Презентација на новата понуда и вмрежување со туристички чинители.

Очекувани резултати

  • Зајакната соработка меѓу проектните партнери, Општина Ресен и националните паркови Пелистер и Галичица.
  • Уредени и функционални 2 полетувалишта за параглајдеризам (Томорус и Мала Чука).
  • Развиена и промовирана нова понуда за активен туризам во Преспа.

Со реализацијата на проектот, Преспа ќе се позиционира како современа и одржлива дестинација за авантуристички туризам, со зголемен број туристи, нови можности за локалната економија и унапредена регионална видливост.

#TAGS

Активности и Иницијативи