Имплементациски партнер: Мрежа за рурален развој на Северна Македонија (МРР)
Донатор: UNDP – The United Nations Development Programme
Времетраење: 20.10.2025 – 20.10.2026
Опис на проектот
Проектот има за цел да го унапреди одржливото земјоделство во Преспа преку воведување практики за ефективно управување со биоразградлив отпад.
Активностите се насочени кон:
- Промовирање на компостирање, вермикомпостирање и други циркуларни модели.
- Намалување на негативното влијание врз животната средина.
- Подобрување на квалитетот и продуктивноста на земјоделските системи.
- Поттикнување на земјоделците за производство на финални производи со додадена вредност.
Проектот особено ги поддржува:
- Жените активни во земјоделието,
- Младите земјоделци до 39 години,
- Производители што преминуваат или сакаат да преминат кон органско производство,
- Фарми со потенцијал за демонстративни модели.
Клучни насоки на делување
- Градење капацитети и демонстрација
- Воспоставување 7 пилот-фарми со различни модели за управување со биоразградлив отпад.
- Демонстративни активности и практична поддршка на земјоделците.
- Едукативна и информативна кампања
- Подготовка на едукативни материјали и кратки видеа.
- Вклучување на училишта и локални заедници.
- Промоција и споделување резултати на регионално и национално ниво.
Очекувани резултат
- Функционални примери за циркуларно управување со биоразградлиотпад во земјоделството.
- Зголемена свесност и информираност кај земјоделците, младите и пошироката јавност.
- Подобрена еколошка и економска одржливост на земјоделските стопанства.
- Поддршка на зелената транзиција и современи еко-практики во Преспа.


