Партиципативните консултации и дијалог со граѓанските организации и засегнатите страни претставуваат стратешки процес насочен кон јакнење на позицијата на земјоделските производители во вредносните синџири. Целта е да се идентификуваат предизвиците и потребите на земјоделците, да се подобри нивната економска одржливост и да се промовираат поправедни трговски практики.
Преку работилници и консултативни процеси, со акцент на секторите грозје/вино и мед, се поттикнува колективна организација, додавање вредност на производите, подобрен пристап до пазари и заштита од нефер договори. Наодите и препораките имаат за цел да информираат креатори на политики и да придонесат за создавање отпорен аграрeн сектор каде земјоделците се главни корисници на динамиката на вредносниот синџир.
Прочитајте ја целосната политика↓


