Јавен повик за комерцијализација на Центар за преработка на храна (FOOD HUB) – Пехчево

Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, финансиски поддржана од We Effect, во соработка со ИМЕ програмата, отвора јавен повик за комерцијализација на Центар за преработка на храна (Food hub) – Пехчево преку партнерство со бизнис секторот.

Цел на повикот за комерцијализација на Центарот за преработка на храна е преку воспоставување на партнерство со искусен оператор од бизнис секторот да се започне со континуирано работење на Центарот преку имплементација на успешен и одржлив модел на соработка со малите производители од регионот Малеш-Пијанец. Ваквиот модел на партнерство за комерцијализација на Центарот за преработка на храна ќе овозможи одлични услови за преработка на храна за избраниот оператор и за малите производители од регионот. Покрај финализација и додавање вредност на производите, операторот и локалните мали производители ќе имаат можност за воведување нови производи и технологии, подобрување на квалитетот, маркетингот и препознатливоста на производите од регионот. Преку повикот ќе се воспостави долгорочна соработка помеѓу Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, We Effect, ИМЕ програмата и Операторот, која позитивно ќе влијае врз развојот на Центарот, локалните чинители и целокупниот развој на Малешевско-пијанечкиот Регион. Со реализација на активноста се очекува да се зајакнат организациски капацитети и финансиска одржливост на ЛАГ-от и Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.

Со цел подетално запознавање со Центарот за преработка на храна и посета на просторот, на 15.07.2022 ќе биде организиран информативен ден, на кој заинтересираните апликанти ќе може да закажат посета и состанок со претставници од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и ЛАГ Малеш-Пијанец.

Апликантите своите предлог-решенија треба да ги поднесат електронски, на следната мејл адреса: elizabeta.r@ruralnet.mk. Крајниот рок за аплицирање на повикот е 22.07.2022 година.

Повик за комерцијализација на Центар за преработка на храна (Food hub)

Анекс 1: Формулар за апликација

Анекс 1А: Образец за буџет

#TAGS

Активности и Иницијативи