Известување за резултатите од евалуацијата на апликации поднесени во рамките на програмата за подгрантирање на NAGE проектот за поддршка на граѓански организации во спроведувањето на мали проекти од областа на зеленото претприемништво

Мрежата за рурален развој во Н. Македонија го објавува завршувањето на процесот на евалуација и доделување грантови за програмата за под-грантови за зелено претприемништво на проектот финансиран од ЕУ „Вмрежување и застапување за зелена економија“ (НАГЕ).

Повикот за поддршка на граѓански организации во спроведувањето на мали иницијативите за зелено претприемништво беше дел од проектот финансиран од Европската унија „НАГЕ – Вмрежување и застапување за зелена економија“ спроведен од 7 партнерски организации од Балканот: Мрежа за рурален развој на Н. Македонија ( Водечки партнер), Хрватска мрежа за рурален развој, Мрежа за рурален развој во Босна и Херцеговина, Мрежа на организации за рурален развој на Косово, Мрежа за рурален развој на Црна Гора, Мрежа за рурален развој на Србија и Албанска мрежа за рурален развој.

Седумнаесет локални граѓански организации одговорија на Повикот за предлози и ги доставија своите апликации до наведениот рок. Тие презентираа интересни предлог-проекти за теми поврзани со одржливиот развој, заштитата на животната средина и климатските промени, земјоделскиот и руралниот развој, социо-економскиот развој, образованието, политиките и социјалните услуги, работата и политиките за млади, економското зајакнување на жените, волонтирање и др.

На крајот на процесот на квалитативна евалуација, на 6 локални организации им беа доделени мали грантови за спроведување на нивните иницијативи насочени кон започнување и пилотирање на интервенции за зелено претприемништво. Финансиската поддршка ќе придонесе за зајакнување на локалните гражански организации преку градење на капацитети и спроведување на нивните иницијативи и подигање на свеста за важноста на зелената економија и зеленото претприемништво.

Список на највисоко рангирани проекти, организации кои ги спроведуваат проектите,  предвидено финансирање и времетраење на проектот.

Име на организацијатаНазив на проектотБуџет во евраВреметраење на проектот
Благој А. Котларовски, РесенОрганскиот отпад не е ѓубре3.4794 месеци
Еко Тим Исток, КочаниСелектирај пластичен земјоделски отпад3.4705 месеци
  Дану Филантропија, СкопјеТочаче3.4506 месеци
Слоу Фуд, БитолаПрактична имплементација на легислативите во објектите за традиционално производство ПИЛОТ-П3.4894 месеци
Едукативен центар за зачувување на природата, Негрево, ПехчевоЗелен пакет за заштита на биодиверзитет3.4845 месеци
Регионален центар за застапување, ДелчевоРегионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија3.5006 месеци
#TAGS

Активности и Иницијативи