Проектот ги опфаќа земјите од Балканот преку активна соработка на националните мрежи за рурален развој и Балканската мрежа за рурален развој (БМРР). Неговата цел е да создаде поволна средина за граѓанското општество и да го поттикне одржливиот развој на руралните заедници.
- Финансиран од: Европска Унија
Буџетска линија: BGUE-B2015-22.020401
Период на спроведување: 19.12.2015 – 30.09.2019
Вкупен буџет на акцијата: 1.168.634,00 ЕУР
Износ обезбеден од донаторот: 1.051.674,00 ЕУР
Главна цел:
Да се стимулира поволна правна и финансиска средина за граѓанското општество, да се зајакнат организациите на граѓанското општество (ОГО) како ефективни и одговорни актери, како и да се подобри нивната способност за дијалог со владините институции со цел влијание врз креирањето политики за одржлив развој на руралните заедници.
Очекувани резултати:
- Промоција на концептите за одржлив социо-економски рурален развој, социјална инклузија и активно учество на ОГО во креирањето и спроведувањето политики.
- Подобрени капацитети на ОГО за застапување, вмрежување и соработка со јавните институции со цел зголемување на нивното учество во процесите на донесување одлуки.
- Зајакнати менаџерски и организациски капацитети на ОГО и нивните мрежи, вклучително и развој на долгорочни стратешки планови.
- Подобрено вклучување на ОГО и граѓаните во локалното управување и промоција на партнерства меѓу различни сектори во руралните подрачја.
- Развој на Балканската мрежа за рурален развој како функционална регионална платформа за соработка.
- Проширено вмрежување, транснационална соработка, размена на знаење и добри практики помеѓу ОГО и нивните мрежи во седумте партнерски земји и со земјите од Европската Унија.


