Проектот беше насочен кон промоција и примена на ЕУ LEADER методологијата во руралните заедници, преку зајакнување на капацитетите на локалните чинители и формирање Локални Акциски Групи (ЛАГs) согласно европските стандарди.
Локација на проектот: Југоисточен и Источен плански регион на Република Македонија
Финансиран од: Агенција на САД за меѓународен развој – USAID
Улога: Спроведувач на проектот
Период на спроведување: 15.01.2013 – 31.12.2016
Буџет на акцијата: 78.814,00 USD
Износ обезбеден од донаторот: 78.814,00 USD
Цел на проектот:
Афирмација на методологијата на ЕУ LEADER како алатка што промовира партиципативен пристап, односно мобилизација и активно вклучување на сите релевантни чинители во процеси што влијаат врз нивните животни услови и развојот на нивните рурални заедници.
Специфичната цел беше да се развијат капацитетите на членовите на ЛАГ во Источниот и Југоисточниот плански регион за партиципативно планирање и донесување одлуки – како основа на LEADER методологијата.
Резултати:
- Зајакнати капацитети на чинителите од 21 општина од Источниот и Југоисточниот плански регион за специфичностите на LEADER пристапот.
Формирани се пет Локални Акциски Групи (ЛАГs) согласно принципите на ЕУ LEADER:
- ЛАГ Беласица-Огражден
- ЛАГ Бојмија
- ЛАГ Плачковица
- ЛАГ Брегалница
- ЛАГ Малеш-Пијанец
Како резултат на активностите за градење капацитети, овие ЛАГs – како јавно-приватни партнерства – подготвија пет Локални развојни стратегии, со мерки за подобрување на вклученоста на чинителите во процесите на донесување одлуки за прашања релевантни за нивните заедници.
- Имплементирани три проектни иницијативи од страна на ЛАГ чинителите.
Овие активности овозможија симулација на целиот процес на имплементација на рурални развојни проекти, со што се обезбеди практично и применливо искуство за идните членови на ЛАГ. Тие ќе бидат пионери во практичната примена на LEADER методологијата и подготвени да дејствуваат веднаш штом Министерството за земјоделство ја активира LEADER мерката.


