Проектот е дизајниран за да ги поттикне младите од руралните подрачја и младинските граѓански организации од Источниот и Југоисточниот плански регион активно да учествуваат во демократските процеси, да придонесат кон реформите за ЕУ интеграција, да го зајакнат граѓанското учество и да се подготват за предизвиците и можностите што ги носи членството во ЕУ.
Сектор: 15150 – Зајакнување на граѓанското општество
Локација: Република Македонија
Финансиран од: Европска Унија (EuropeAid/138660/ID/ACT/MK)
Период на спроведување: 19.12.2017 – 19.06.2019 (18 месеци)
Буџет на акцијата: 163,786.00 EUR (целосно обезбедено од Европската Унија)
Општа цел:
Да се зајакне гласот на граѓанското општество и неговата улога како партнер во реформите за ЕУ интеграцијата на Македонија, преку ефективно вклучување на младите од руралните средини и нивните организации.
Специфични цели:
- Подобрување на капацитетите на младинските ОГО и младите од руралните подрачја за учество во креирање и спроведување на јавни политики преку структурен дијалог со носителите на одлуки.
- Зајакнување на капацитетите на младите од руралните средини за подобра конкурентност на пазарот на трудот.
- Поголема информираност и вклученост на младите во процесот на ЕУ интеграциите.
Резултати:
- Млади лица од руралните подрачја со зголемено знаење за прашања поврзани со ЕУ интеграцијата.
- Подигната свесност кај младите од руралните средини за можностите за развој на кариера.
- Зајакнати капацитети на претставници од младинските ОГО за младински активизам.
- Создадена регионална младинска платформа.
- Платформата овозможи нови можности за ефикасен дијалог за политики за одржлив развој и ЕУ интеграција.
Партнери во проектот:
- Фондација за поврзување на природни вредности и луѓе – CNVP Македонија
- Мрежа за рурален развој на Македонија
- Мрежа за рурален развој на Хрватска
- Мрежа за рурален развој на Србија
FINAL one page info 15.02.2018.pdf



