Поддршка на БМРР во институционален развој за оживување на руралните заедници на Западен Балкан

Проектот е насочен кон зајакнување на институционалните капацитети на Балканската Мрежа за Рурален Развој (БМРР) со цел таа активно да придонесува во процесите на креирање политики и да стане одговорен актер за инклузивен и одржлив социо-економски развој на руралните средини во регионот на Западен Балкан.

Локација: Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово

Финансиран од: We Effect

Период на спроведување: 01.01.2021 – 31.12.2022

Буџет на акцијата: 160,000.00 EUR (целосно финансирано од We Effect)

Општа цел на проектот

БМРР да стане активен придонесувач во процесите на донесување одлуки за рурален развој, како и одговорен и отчетен актер за инклузивен и одржлив социо-економски развој на руралните подрачја на Западен Балкан.

Специфична цел

Зајакнување на институционалните капацитети на БМРР со цел соодветно да одговори на потребите на руралните заедници во регионот и да го претставува нивниот глас на регионално и европско ниво.

Резултати и компоненти на проектот

Компонента 1: Организациски развој на БМРР

  • Зајакнати структури за имплементација на оперативните активности на БМРР
  • Подобрени организациски капацитети на националните мрежи – членки на БМРР

Компонента 2: Застапување и лобирање

  • Зајакнати капацитети на БМРР во застапување и лобирање
  • Организирани заеднички регионални настани за застапување и лобирање

Компонента 3: Родова еднаквост

  • Развиени вештини за родово вклучување, застапување и лобирање за родова еднаквост

Компонента 4: Размена на искуства и добри практики

  • Подобрена внатрешна и надворешна комуникација на БМРР
  • Засилена промоција на БМРР на меѓународно ниво

#TAGS

Активности и Иницијативи