По повод „Меѓународниот ден на руралната жена“ кој се одбележува на 15 октомври насекаде низ светот, Федерацијата на фармери на Република Македонија – ФФРМ, во соработка со Мрежата за рурален развој – МРР и Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД, организираше настан во комплексот Етно Село, во општина Старо Нагоричане (Кумановско) со цел заедно да придонесеме во поголема интеграција на жените во општествениот и политичкиот живот.
Различни видови традиционални јадења беа подготвени од вештите раце на големиот број жени од различни рурални области во Македонија кои присуствуваа на настанот. Десет од овие жени учествуваа во натпреварот за најдобро подготвен рецепт од пиперка, организиран во рамки на настанот.
Овогодишната порака до сите жени од руралните средини во светот гласеше : „Заземете го вашето место во намалувањето и прилагодувањето кон климатските промени! “.