Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР на РМ) спроведува проект финансиран од ЕУ „Вмрежување и застапување за зелена економија“. За успешно реализирање на проектните активности, МРР има потреба од Асистент на проект, кој ќе биде ангажиран врз основа на консултантски договор за период од 36 месеци.  Описот на работните задачи и потребни квалификации за горенаведената позиција се во прилог.

Заинтересираните кандидати можат да добијат подетални информации на 02/3075-506 и да го испратат своето CV  на адреса ул.„Коста Веселинов“ 3а, Скопје, најдоцна до 20.04.2018 год.

МРР на РМ

Асистент на проект

Проектниот асистент се очекува да придонесе за остварување на генералната  цел на Проектот преку давање поддршка во процесот на планирање, координација, имплементација и реализација на предвидените активности во Проектот  за кои е задолжена МРР на РМ, обезбедувајќи конзистентност со проектната стратегија, обврски и цели.

Проектниот асистент е овластен да го застапува МРР на РМ во Проектот, како и на состаноците со клучните страни, партнери, засегнати страни и други организации.

Проектниот асистент ќе работи под директен надзор на Претседателот на МРР на РМ (директор на  проектот) и менаџерот на проектот назначен од Координаторот  и ќе остварува  тесна соработка со другите членови на проектниот тим.

 

Опис на работни задачи:

  • Координира и имплементира дел од Проектмите активности кои се во надлежност и одговорност на МРР на РМ во предвидените рокови, преземајќи ги сите неопходни и разумни мерки за да осигури дека активностите се спроведуваат во согласност со условите на Договорот за грант кој го финансира ЕУ.
  • Поддршка на раководителот на проектот во секојдневните активности за управување со проектот, општи административни задачи, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на подготовка и уредување на документи, ажурирање на информациите, подготовка на извештаи, логистика, административна документација, следење, евалуација и известување итн.
  • Присустува, учествува и по потреба прави записник од состаноците;
  • Помага во организација и координација на разни настани и активности, вклучувајќи брифинзи, работилници и обуки.
  • Одржува ефективни комуникациски и работни односи со заинтересираните страни на проектот, целните групи и партнери;
  • Изработува обрасци и документи релевантни за имплементација на проектот;
  • Веднаш го известува Менаџерот на проектот за секој настан кој може да доведе до привремено или конечно прекинување или било каква друга промена во спроведувањето на Проектот;
  • Ги изготвува и доставува до менаџерот на проектот сите потребни информации за извештаи, барања за плаќање, следење, евалуација, ревизии и други проверки;
  • Им обезбедува на експерти ангажирани од МРР на РМ кој било документ или информации потребни за да ги испорачаат услугите;
  • Подготвува листа на придружни документи за расходите на МРР на РМ поврзани со проектот, водејќи сметка дека оригиналите и скенираните копии од сите документи поврзани со Проектот и Буџетот под одговорност на МРР на РМ се чуваат на безбеден и уреден начин;
  • Изготвува документација и помага во спроведувањето на набавката на услуги и добра;
  • Одговора на сите барања од страна на раководителот на проектот и договорниот орган;

 

 Потребни квалификации:

  • Минимум 3 години искуство во проектно работење;
  • Познавање на основни административни процеси;
  • Искуство во користење на бази на податоци, Интернет и компјутери;
  • Искуство со средување на телефонска и електронска комуникација;
  • Одлично познавање на Англиски јазик (говорен и пишан);
  • Добри административни и организаторски способности;
  • Сигурен/а, согледува детали, можност да даде приоритет на работни задачи;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за спроведување повеќе задачи истовремено;
  • Силни интерперсонални вештини и подготвеност за преземање на повеќе рутински задачи.