Мрежата за рурален развој на Република Македонија, на 8 jуни имаше своја официјална промоција во хотел Континентал во Скопје, на која имаше над 150 учесници од разни институции и околу 60 невладини организации од Македонија. На пленарниот дел обраќање имаа:
- Петар Ѓоргиевски -претседател на МРР на РМ
- Љупчо Димовски -министер за земјоделие, шумарство и водостопанство
- Џереми Грум –Тим лидер на програмата МААСП
- Марта Марциш – претставник на PREPARE
- Шел-Роџер Карлсон – претставник на Шведската рурална мрежа
На работниот дел беа презентирани тематските групи во состав на МРР на РМ и нивната работа.
За време на промоцијата членките на МРР на РМ имаа можност да ги промовираат своите производи и активности во посебна изложбена просторија.