Проектот „ Руралната младина помага на Македонија во ЕУ интеграциите “ финансиран од Европската Унија има за цел зајакнување на гласот на граѓанското општество за да стане силен партнер во реформите, за интеграција на Македонија во ЕУ, преку ефективен ангажман на руралните млади и нивните граѓански организации. Проектот го спроведуваат ЦНВП- Организација за поврзување на природни вредности и луѓе, Мрежата за рурален развој на РМ, Хрватската мрежа за рурален развој и Мрежата за рурален развој на Србија.

За успешно реализирање на проектот Мрежата ра рурален развој на РМ има потреба од Асистент на проект, за која позиција го објавува овој оглас.

Бараме работлива, мотивирана и подготвена личност за позицијата Асистент на проект за да му помага на Раководителот на проектот во дневните проектни активности, како и основни административни работи.
Клучни области на активност: Поддршка на проектниот тим во општите административни задачи, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: подготовка на документи и уредување, логистичка, административна документација, влез во база на податоци, преводи на англиски јазик итн.
Документирање и ажурирање на информации кога е потребно.
Внесување на податоците во базите на податоци.
Присуствува и известува за состаноци.
Помага со организацијата и координацијата на разни настани и активности, вклучувајќи брифинзи, работилници и обуки.
Помага во комуникациски активности и во изготвувањето и уредување на различни документи и презентации, согласно побараното.
И одредени други работи може да бидат доделени.

Искуство / Компетенции

  • Минимум 3 години искуство во проектно работење;
  • Познавање на основни административни процеси;
  • Искуство во користење на бази на податоци, Интернет и компјутери;
  • Искуство со средување на телефонска и електронска комуницкација;
  • Одлично познавање на Македонски Англиски и јазик (говорен и пишан);
  • Добри административни и организаторски способности;
  • Сигурен/а, согледува детали, можност да даде приоритет на работни задачи. Успешниот кандидат треба да има одлична писмени и комуникациски вештини, да биде во состојба ефикасно да управува со својот обем на работа, добро да функционира под притисок, да има силни интерперсонални вештини и подготвеност за преземање на повеќе рутински задачи, како и работа на проекти поврзани со администрација.
  • Договор за 18 месеци;

Биографиите да се достават во печатена форма на адреса „Коста Веселинов 3а; Скопје, најдоцна до 20.12. 2017, 16:00 часот (локално време).