Наградите на Академијата Од фарма до вилушка (F2F) имаат за цел да ги препознаат и промовираат успешните иницијативи, практики и модели што придонеле за одржливо земјоделство, рурален развој, заштита на животната средина и зачувување на биодиверзитетот, а биле применети од различни рурални чинители, конкретно граѓански организации, локални власти и истражувачки институции. Наградите ќе послужат како инструмент за охрабрување на чинителите да ги споделат своите успешни приказни, да ги инспирираат и мотивираат другите да ги прифатат одржливите практики и да придонесат за зелена и праведна транзиција во регионот на Западен Балкан (WB-6).
Кој може да аплицира:
Наградите на Академијата Од фарма до вилушка ќе бидат насочени кон локалните рурални чинители, вклучително граѓанските организации, фармерите, здруженијата на фармери, кооперативите, единиците на локалната самоуправа, училиштата и истражувачките институции.
Краен рок за поднесување на апликациите: 15 март 2025
Упатство за аплицирање
Линк за аплицирање:


