Проектот „ Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во ЕУ“ финансиран од Европската Унија има за цел зајакнување на гласот на граѓанското општество за да стане силен партнер во реформите, за интеграција на Македонија во ЕУ, преку ефективен ангажман на руралните млади и нивните граѓански организации. Проектот го спроведуваат ЦНВП- Организација за поврзување на природни вредности и луѓе, Мрежата за рурален развој на РМ, Хрватската мрежа за рурален развој и Мрежата за рурален развој на Србија.
За успешно реализирање на проектот Мрежата ра рурален развој на РМ има потреба од асистент за набавки, за која позиција го објавува овој оглас, чиј опис на работните задачи е во прилог.
Заинтересираните кандидати да ги достават или испратат своите биографии во печатена форма во канцеларијата на Мрежата за рурален развој на РМ на адреса: ул. „Коста Веселинов“ 3а, Скопје, најдоцна до 04.01.2018, до 16 часот.