За успешно реализирање на проектните активности, Мрежата за рурален развој на Северна Македонија има потреба од Финансиски асистент на проект.
Опис на работното место:
- Одговорен за примена на финансиските и административните правила и прописи според процедурите на Мрежата за Рурален развој на СМ, донаторот и законите и прописите во Северна Македонија
- Да врши финансиски активности како што се налози за плаќање, благајна, платен промет, организација на набавки и слично
- Да биде одговорен за административни активности како што се : архивирање на документи, евиденција за инвентар, набавка на канцелариски материјали
- Поготвување на редовни извештаи за буџетот и трошоците на проектот
- Одржување и ажурирање на базата на податоци на организацијата
- Организирање на проектни настани/обуки и работилници
- Дистрибуирање и складирање на коресподенција (на пример: писма, електронски пораки и пакети)
- Подготовка на финансиски извештаи
- Организација на патувања и сместувања
Потребни квалификации:
– диплома за завршено високо образование
– најмалку две години работно искуство во областа
– познавања од областа на сметководство и финансиите (предност претходно искуство во невладин сектор)
– одлично познавање на англиски јазик;
– одлично познавање на работа со Microsoft Office (посебно Excel & Word)
– напредни организациски и комуникциски вештини
Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV на mirjana.d@ruralnet.mk и ana.d@ruralnet.mk задолжително на двете мејл адреси, најдоцна до 07.07.2022 година.