Мрежата за рурален развој на Северна Македонија (МРР на СМ) има потреба од Координатор на работилница за производство на храна (Food Hub). Описот на работните задачи и потребни квалификации за горенаведената позиција може да ги најдете во прилог на огласот.
Заинтересираните кандидати треба да го испратат своето CV на aleksandar.p@ruralnet.mk и на vesela.ld@ruralnet.mk (задолжително на двете е-mail адреси), или во печатена верзија на ул Коста Веселинов, 3А најдоцна до 13.10.2020 година.
Координатор на работилница за производство на храна (Food hub)
Опис на работни задачи:
- Да го координира формирањето на работлницата за производство на храна (Food hub), преземајќи ги сите активности поврзани неа;
- Координирање на работата на работилницата за производство на храна (Food hub);
- Врши теренска координација при формирањето на работилницата за производство на храна (Food Hub)
- Одржува ефективни комуникациски односи со заинтересираните страни за формирање на работилницата за производство на храна (Food Hub), целните групи и партнери;
- Изработува обрасци и документи релевантни за имплементација на активноста;
- Подготвува извештаи за реализираните активности.
Потребни квалификации:
- Високо образование;
- Познавање на работата во невладиниот сектор;
- Искуство во менаџирање, координирање и имплементација на проекти;
- Искуство во користење на бази на податоци, Интернет и компјутери;
- Одлично познавање на Англиски јазик (говорен и пишан);
- Одлични комуникациски вештини;
- Способност за спроведување повеќе задачи истовремено;
- Силни интерперсонални вештини и подготвеност за преземање на повеќе рутински задачи.