Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), започна проект во рамките на Програмата на ФАО за техничка соработка, насловен „Поддршка за развој на национална стратегија за обезбеденост со храна“.
ФАО и МЗШВ во соработка со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија ќе спроведат процес на собирање податоци за обезбеденост со храна и исхрана во државата, анализа на релевантните национални политики и институционално истражување што ќе послужи како основа за развој на идната Стратегија за обезбеденост со храна, како и за воспоставување на меѓуинституционален координативен механизам за обезбеденост со храна на национално ниво.
За потребите на проектот, Мрежата за рурален развој на СМ објавува оглас за консултант задолжен за развој на анализа на статусот на националната обезбеденост со храна, проценка на постојните политики за обезбеденост со храна и исхрана и подготовка на финален преглед на стратегијата.
Детален опис на работните задачи е наведен во ToR-от кој може да го најдете во продолжение.
Заинтересираните кандидати да ги достават или испратат своите биографии и финансиска понуда (сумите да бидат изразени во МКД – бруто износ) во печатена форма во канцеларијата на Мрежата за рурален развој на СМ најдоцна до 25.10.2022 год. на адреса: ул. Коста Веселинов 3а, Скопје, или во електронска форма на e-mail адресата: vasko.g@ruralnet.mk.