За успешно реализирање на проектните активности, Мрежата за рурален развој на Северна Македонија (МРР на СМ) објавува оглас за Проектен координатор за проектот IDEAS.
Описот на работните задачи и потребни квалификации за горенаведената позиција може да ги најдете во прилог на огласот.
Заинтересираните кандидати треба да го испратат своето CV на македонски јазик со назначување на која позиција аплицираат на info@ruralnet.mk, најдоцна до 22.11.2022 година.
Опис на работни задачи:
- Координира и имплементира дел од Проектните активности кои се во надлежност и одговорност на МРР на СМ во предвидените рокови, согласно со процедурите и условите за спроведување на проектот IDEAS;
- Одржува ефективни комуникациски и работни односи со заинтересираните страни на проектот, целните групи и партнери;
- Изработува документи и извештаи, релевантни за имплементација на проектот;
- Изготвува документација и спроведува набавка на услуги и добра.
Потребни квалификации:
- Високо образование;
- Искуство во координирање и имплементирање на проекти од најмалку 3 години;
- Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан);
- Одлични комуникациски вештини;
- Силни интерперсонални вештини;
- Способност за спроведување повеќе задачи истовремено.