LEADER Пристап

LEADER е европски модел за локален развој кој се темели на принципот „од долу нагоре“. Тој ја става заедницата во центарот на одлучувањето и креирањето на развојните приоритети. Како силен поддржувач на LEADER методологијата, Мрежата активно работи на зајакнување и развој на Локалните Акциски Групи (LAGs) во земјата.

Нашата поддршка опфаќа:

  • Формирање и консолидација на ЛАГ групи – помош при организирање на партнерства помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.
  • Обучување и градење капацитети – тренинзи за управување, планирање, лидерштво, комуникација и финансирање.
  • Развој на локални стратегии (CLLD) – поттикнување на учество на локалните чинители во креирање стратегии за одржлив развој.
  • Вмрежување и размена на добри практики – поврзување со национални и европски LEADER иницијативи.
  • Техничка поддршка при имплементација – административна, проектна и координациска помош за ЛАГ групите.

Преку примената на LEADER пристапот, создаваат се самоодржливи локални структури кои ги развиваат сопствените потенцијали и иницијативи, зајакнувајќи ја руралната економија и кохезијата во заедницата.