На 20, 22 и 25.03.2019 како дел од проектната активност за поттикнување на младински активизам, здружението на граѓани „Армонија“ од Виница организира фудбалски и пинг понг турнир во Виница. Организаторот регистрира 16 екипи во турнирот за футсал и 8 натпреварувачи во турнирот за пинг понг. Натпреварите предизвикаа голема заинтересираност, а се одржуваа во спортската сала на „СОУ Ванчо Прке“ пред публика од 200 – 250 младинци од Виница и околината. Освен набавката на спортските реквизити и коктелот кои беа покриени со средства од проектот „Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во ЕУ“ финансиран од ЕУ, за време на организирањето на настаните младите од здружението Армониа како и учениците покажаа голем младински активизам и волонтеризам во иницијатива за обезбедување на дополнителни средства за награди, простор, озвучување и промоција на турнирот. Активноста допринесе за социјална вклученост, подигнување на спортскиот дух и зголемување на мотивацијата кај младите.