Регионалниот проект „Академија Од фарма до Вилушка за Зелен Западен Балкан Нашата заедничка европска иднина“ ги вклучува следните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Хрватска. Проектот „Академија Од фарма до Вилушка“ е имплементиран од национални те мрежи за рурален развој во шесте земји од Западен Балкан (ЗБ6) и Хрватска и нивната регионална платформа за соработка Балканска мрежа за рурален развој БМРР.

Проектот се фокусира на имплементација на процесот, приближување и интеграција во ЕУ на земјите од Западен Балкан во секторот за земјоделство и рурален развој преку унапредување на зелената и правична транзиција во регионот преку придонесот на актерите од граѓанското општество.

„Академијата „од Фарма до вилушка“ ќе ги поддржи и изгради одржливите капацитети на ГО и мрежите на ГО, овозможувајќи им ефективно да се справат со тековните општествени предизвици. Дополнително, регионалната Академија „од Фарма до вилушка“ ќе понуди сеопфатна програма за обука на обучувачи (ТоТ), насочена кон претставници од ГО во ЗБ-6.

Прочитајте повеќе во документот на линкот.

 

Регионалниот проект „Академија Од фарма до Вилушка за Зелен Западен Балкан – Нашата заедничка европска иднина“ финансиран од Европската унија е заеднички имплементиран од националните мрежи за рурален развој на шесте земји од Западен Балкан (ЗБ-6) и Хрватска.