Нашата мисија за зајакнување на засегнатите страни од руралните средини преку Академијата „Од фарма до вилушка“, ја продолжуваме со организација на четвртата национална обука за одржливо земјоделство и рурален развој. Овој пат, од 23 до 25 септември, на Попова Шапка, собравме 21 учесник на последната национална обука од циклусот на обуки спроведувани во рамки на проектот „Академија „Од фарма до вилушка“ за зелен Западен Балкан - Нашата заедничка европска иднина“. 
 
Обуката беше фокусирана на темите: хортикултурно производство, агроекологија, циркуларна економија и органско производство.
Нашите учесници вклучуваа претставници на граѓански организации, земјоделци, локалната заедница и претставници на локалната самоуправа - сите посветени на поттикнување на одржливиот рурален развој.
Заедно, го трасираме патот кон позелена, поотпорна иднина!