ПОКАНА ЗА ОБУКА
на тема
ТРАНСПАРЕНТНО И ОТЧЕТНО УПРАВУВАЊЕ
Хотел Сириус, Струмица
22-23 ноември, 2018
Тимот на проектот “ Вмрежување и застапување за зелена економија” со задоволство поканува претставници од граѓански организации на обука посветена на “Транспарентно и отчетно управување “ која ќе се одржи на 22 и 23 ноември, 2018. Настанот ќе се одржи во хотел Сириус во Струмица.
Главниот фокус на оваа обука ќе биде дефинирање и појаснување на поимите управување и раководење со граѓански организации со посебен осврт на принципите на отчетност и транспарентност. Деталната програма на обуката е во прилог. Оваа обука има за цел да ги зајакне потенцијалите и капацитетите на помалите граѓанските организации од руралните средини чие делување е насочено кон одржлив развој на руралните средини.
Ве молиме присуството на претставник од вашата организација на обуката да го потврдите на info@ruralnet.mk или на телефонскиот број 02/ 3075-506 најдоцна до 19.11.2018.
Проектот ќе ги покрие трошоците за престој за обуката и превоз во висина од 900 денари по учесник.
Проектот е финансиски поддржан од Европската унија, а го спроведуваат Мрежата за рурален развој на Република Македонија во соработка со партнерските организации – Мрежите за рурален развој на Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Хрватска како членови на Балканската мрежа за рурален развој.